Адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“ е правна фирма која е специјализирана во областа на странските деловни инвестиции и бизнис-трансакции, корпоративно управување, јавни набавки, банкарство и финансиски, инвестициски фондови, како и во областа на човековите ресурси.

Адвокатското друштво има застапувано компании во бројни правни постапки, вклучувајќи и создавање и престанок на деловни партнерства, уредување на облигациски и материјални договори, подготовка на тендерска документација, правни длабински анализи, концентрација и конкуренција на пазарот, работни спорови, граѓански, имотно-правни, кривични и управни постапки, корпоративни спојувања, деловни и бизнис аквизиции и преземања, како и застапување во областа на заштита на правата од интелектуална сопственост и авторски права.       


Работата на адвокатското друштво особено е фокусирана и концентрирана на обезбедување комплетни правни услуги, почнувајќи од корпоративно основање на компании, фирми и холдинг партнерства, сè до уредување на односите меѓу менаџментот, работодавецот и вработените во една фирма, како и правно советување на менаџментот во врска со правните аспекти на планирањето буџети, бизнис планови, предвидувањето финансиски и даночни ризици, како и структуирањето на човековите ресурси.  

Адвокатското друштво врши советувања и дава правни услуги поврзани со ликвидации, финансиски трансакции со хартии од вредност и оданочување, како и посредување и поврзување на инвеститори кои инвестираат на Македонската берза и бараат креативни можности за инвестиции. 


Нашето адвокатско друштво е составено од тим од адвокати, консултанти и соработници кои се посветени и задолжени на своите клиенти да им ги обезбедат и да им ги посочат најдобрите и најповолните правни решенија, како и да им овозможат квалитетни правни услуги по конкурентни цени.

Мисија


Нашата мисија е преку секојдневните активности и услугите кои ги нудиме да обезбедиме правна и финансиска сигурност на нашите клиенти. Со нашето претходно искуство и начинот на работа кој вклучува доверливост, чесност, исполнителност, ефикасност, етичност и лојалност, им овозможуваме на нашите клиенти да добијат високо професионални услуги, а истоворемено да добијат слобода да се посветат на нивниот основен бизнис.


Визија


Нашата визија е Адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“ да се разликува од останатите со тоа што преку континурано усовршување и подобрување на методологијата на работа, зголемување на листата на задоволни клиенти и воведување на нови услуги, ќе се позиционираме високо во бизнис заедницата и постојано ќе испорачуваме извонредни резултати.

 

Цели и принципи