За Нас

Адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“ постои од 2011 година и оттогаш соработува со странски инвеститори во Република Македонија, ги застапува нивните интереси какои интересите на голем број домашни инвеститори и правни лица. Со успехот на нашите клиенти, нашето друштво се развиваше, и друштвото „Колемишевски и партнери“ се вбројува меѓу  најценетите адвокатски друштва во земјата. Во минатото и денес, нашиот начин на размислување и секојдневната професионална филозофија останале едноставни и постојани:клучот кон заедничкиот успех лежи во работењето со почит и соработка со нашите клиенти. Ние, како деловни луѓе, разбираме дека нашата идна одржливост и постојаност зависат од тоа.

Адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“ им помага на клиентите за разни правни прашања со кои можат да се соочи едно претпријатие или поединец. Нашите адвокати на секој ангажман му посветуваат целосно внимание и фокус, вклучувајќи колективна мудрост и искуство. Нашиот мултидимензионален пристап во работењето ни помага да изготвиме софистицирани решенија за правните и деловните проблеми на нашите клиенти; како знак за креативност и флексибилност што го детерминираат пазарот.Но најважно од сè, секогаш целиме кон ефикасност и истрајност како клучни фактори за успешни резултати. Од извонредно значење е да дадеме остварливи, практични планови и стратегии што имаат смисла од сите правни и деловни аспекти.

Истовремено, „Колемишевски и партнери“, нашиот начин на работа и нашите адвокати се високо ценети и почитувани од клиентите, како и други домашни и странски партнери и институции. Го цениме вашиот интерес за адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“ и се надеваме дека ќе дознаете повеќе за нашите клиенти, искуство и адвокати и други професионалци доколку ја пребарате нашата интернет-страница.