Кирил Колемишевски

Г. Кирил Колемишевски е роден на 11.1.1977 година во Скопје и има дипломирано правни науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2001 година. Со диплома за положен правосуден испит пред Министерството за правда се стекнал во 2005 година. Пред да го основа адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“, г. Кирил Колемишевски работел како Извршен директор, а вооедно и партнер во рамките на инвестицискиот фонд МОЈ ФОНД АД Скопје, како и две години на работното место Раководител на правната служба за работа со стопанство во Комерцијална банка АД Скопје.

Г. Кирил Колемишевски работи како адвокат од 2010 година со овластување да застапува во сите граѓански, кривични и управни постапки пред Основните, пред Апелациските и пред Врховниот суд во Р. Македонија. Член е на Адвокатската комора на Р. Македонија и на Македонското здружение на млади правници. 

Г. Кирил Колемишевски од 2007 година поседува лиценца за овластен финансиски советник на Македонскиот пазар за хартии од вредност. Долгогодишната соработка со Комисијата за хартии од вредност придонесе г-нот Колемишевски да се стекне со особени практични познавања и искуства за тргувањето со хартии од вредност, финансиски трансакции, даноци и оданочување, како и изнаоѓање креативни можности и солуции за инвестирање во Р. Македонија.

Г. Кирил Колемишевски има особено и докажано правно искуство и специјализација во областа на деловното право и странските инвестиции, банкарството, материјалните облигации и договори, јавните финасиии и даноци, стопанско-трговските и имотно-правните постапки, работните односи, осигурувањето и инвестициските фондови.

Телефон: +389 72 227 722

E-mail: kiril.kolemisevski@kip.mk